Светската здравствена организација (СЗО) објави дека од почетокот на израелската офанзива на Либан, во таа земја се убиени 28 здравствени работници.
Претставникот на СЗО во Либан, Абдинасир Абубакар, на прес-конференција рече дека сите здравствени работници загинале додека вршеле должност, помагајќи им на повредените.
„Многу други здравствени работници не се појавуваат на работа и побегнаа од областа каде што работат поради бомбардирањето“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
„Тоа значително го ограничува пружањето помош по масовна траума и континуитетот на здравствените услуги“, додаде тој. СЗО нема да може да ја достави планираната голема количина медицинска помош утре поради ограничувањата на летовите, предупреди шефот на СЗО.