СЗО го прогласи сојот JN.1 на Ковид-19 за „варијанта од интерес“

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира сојот JN.1 на вирусот Ковид-19 како „варијанта од интерес“, додавајќи дека според достапните докази, тој претставува низок глобален ризик за јавното здравје.

Осомничениот за атентат на Трамп оставил морничава порака: Ќе понудам 150.000 долари…
Човекот осомничен за обид за атентат на Доналд Трамп на терен за голф на Флорида оставил белешка во која пишува дека имал намера да го убие поранешниот претседател на САД, а во неговиот …
Димитријевиќ: Зависник сум од кошарка, Теодосиќ ми е идол!
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ во интервју за „Еурохупс“ зборуваше за различни теми, а една од нив е за неговиот омилен кошаркар. Димитријевиќ импресионира на почетокот во дресот на Олимпија Милано, по што призна …

Сепак, СЗО предупредува дека JN.1 може да го зголеми товарот на респираторните инфекции во многу земји со почетокот на зимата на северната хемисфера.

Според здравствената агенција на Обединетите нации, сегашните вакцини и натаму штитат од тешки заболувања и смрт од JN.1 и други циркулирачки варијанти на Ковид-19.

СЗО соопшти дека коронавирусот не е единствената респираторна болест што циркулира, додавајќи дека случаите на заболени од грип, респираторен синцициски вирус и вообичаена детска пневмонија се во пораст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.