СЗО: Мутациите на коронавирус потврдени во се повеќе држави, британскиот сој со „поголем смртоносен ризик“

Позаразната варијанта на коронавирус VOC 202012/01, првично откриена во Велика Британија, само во последната недела е регистрирана во уште седум земји од светот и со тоа нивниот вкупен број достигна 125.
Видот на коронавирусот 501Y.V2, попознат како „јужноафриканска мутација“ е проширен во 75 земји, а истовремено, вирусот П.1, што првично беше пронајден во Бразил и Јапонија, сега циркулира во 41 земја.
Неделниот билтен на СЗО забележува дека „бројот на земји кои пријавуваат нови видови на вирус продолжува да расте“.
Британската верзија покажува за 41 отсто поголем репродуктивен капацитет во текот на истражувањето, како и „можност за брзо раселување врз другите циркулирачки видови“. Експертите предупредуваат и на „поголем смртоносен ризик“ од инфекција со оваа варијанта на коронавирусот.
Според СЗО, варијантата на коронавирус VOC 202012/01 се појави во Велика Британија во септември минатата година. Во Јужна Африка, варијантата 501Y.V2 е присутна од почетокот на август 2020 година, а во Бразил и Јапонија Ц.1 циркулира од декември.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.