Си го одземала животот бидејќи не собрала доволно лајкови и коментари на Фејсбук

-Клои мислела дека не е доволно добра доколку не добие лајкови и коментари на социјалните мрежи, така што “кога не би добила доволно лајкјови, се чуствуваше како да не е прифатена’, вели сестрата на веќе починатата девојка.
Клои Деивидсон (19) од градот Дарам во Северна Каролина на 20 декември минатата година извршила самоубиство во својот семеен дом, пренесува британски Сан.
Нејзината сестра Џејд (20) открила дека Клои била опседната со социјалните мрежи.
Таа открива дека нејзината сестра Коли била толку многу занесена со социјалните мрежи што верува дека токму тоа е причината за нејзината смрт.


-Целосно сум скршена. Немам зборови со која би ја опишала болката. Неодамна добив бебе, кое што Коли го обожаваше. Беше моја најдобра другарка и незнам што ќе правам без нејзе, рекла Џејд.
Џејд истакнала дека Клои постојано на социјалните мрежи барала потврда дека е вредна.
-Коли беше личност, која доколку објави фотографија на Фејсбук, би ги замолила сите роднини да и стават лајк на таа фотографија или пред објавување би прашала која фотографија е најдобро, истакнала таа.
Според нејзините зборови, Клои мислела дека не е доволно добра доколку не добие лајкови и коментари на социјалните мрежи, така што “кога не би добила доволно лајкјови, се чуствуваше како да не е прифатена’, вели сестрата на веќе починатата девојка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.