По обраќањето на лекарите кои рекоа дека американскиот претседател Доналд Трамп се чувствува добро, неименуван, добро информиран извор рече дека „виталните функции на претседателот во последните 24 часа се загрижувачки и дека следните 48 часа ќе бидат клучни“. Трамп сè уште не е на патот кон целосно закрепнување, изјави изворот кој побарал да остане неименуван, пренесува Си Ен Ен. Претходно, медицинскиот тим на Трамп соопшти дека тој е добро, дека не е на кислород и дека немал температура последните 24 часа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.