Прашањето што е важно да се постави, за да се разјасни оваа заплетканост и нејасност во историска смисла е следново: Зошто научниот свет преќутува за овие наоди и откритија што укажуваат јасно на Александровиот поход на Сибир, како и големите контрадикции за неговиот поход на Хиндустан?
Првиот дел од овој текст прочитајте го ТУКА
Одговорот е едноставен. Бидејќи на западниот научен свет вклучително и на “античкото нато”односно ромејската струја (римјаните, хелените, ромеите-византијците итн.) не им одговора во секаква смисла постоењето на словенските народи во античкиот свет, особено за нивната прадревна култура, нивната силна цивилизација, воинственост и слава. Иако, тука е важно да споменам, дека темелите на овиее култури се поставени токму од Словено-Аријските цивилизации, поточно од Антите односно Пелазгите и Етрурците (Расените), Тракијците, Илирите. Толку многу труд е вложено да бидат спалени древните документи, библиотеки и извори што би ја потврдиле нивната културна значајност. Уште од античко време, започнат бил процесот на водењето пропаганда против Словените кои ги нарекувале понизно како дивјаци Варвари па дури и како Готи според некој документи, иако од овие термини не треба да имаме никаков срам, бидејќи немаат суштински никаква негативност, тука само лоша рекламна етикета што е ширена низ долгогодишен процес. Едноставно, Словените требале да бидат преставени како неписмени, диви и безумни племиња. Бидејќи со осакатувањето на изворот на предците и нивната историја се преќинува, нитката на самоспознавањето, и тоа би довело до духовно осиромашување каде потаму се замаглува перспективата за секаква здрава и цврста иднина.
Изненадувачки, но сите важни позиции ќе ја најдат исправноста кај поетите и нивниот долготраен спор со историчарите. Останува да се разјасни прашањето за војната со Русите, спомната во сите поетски извори.
Уште една значајна Аријска сатрапија била Гедрусија.
Древните Персијците биле наречени Паруси или Парси, па во тој контекст ова Аријско кралство може да го разгледаме и како Парусија или Прусија .
Се повикувам на еден интересен извор, кој го опишува походот на Александар во Сибир. Славниот азербејџански поет Низами Ганджеви во самиот почеток на 13 век напишал роман во стихови со наслов «Искандер-наме». Во својата работа Низами се повикал на делата на персиските и арапските историчари кои биле ослободени од христијанската цензура. Самиот тој напишал: “Јасноста на моите мисли е директно од изворите на знаењето. Сите науки ги познавам, а за тоа имам постигнато признание.”
Во својата поема Низами го опишал престојот на Александатр во Кина (но за која Кина станува збор ќе објасниме подолу), неговата војна со Русите, пребарувањето на изворот на живата вода, како и посетата на земајта на Мракот. Изненадувачки е, но сите важни позиции ќе најдат исправност кај поетот во долготрајниот спор со историчарите. Низами, значаен дел од прославните походи на Александар ги опишл во “Искандер Нама” (1203 година) каде посветен е описот на војната на Александар со Русите. Доволно е да се каже дека за војната на Александар со Дарије во песната е посветена пола страница. Од ова може да заклучиме дека војната со Русите била долготрајна и неуспешна за Александар. Очајнички, и безнадежен дека ќе го освои непријателот, “поетски” Александар признава, со воздишка, дека безпотребно се вклучил во војната, дека ќе биде победен и смрзнат како куче.
Првиот дел од овој текст прочитајте го ТУКА
Низами го пишува следново во своето поглавје – ИСКЕНДЕР ДЕЈСТВУВА НА АРКАНОТ. НЕОБИЧНИОТ ЗАТВОРЕНИК ГО НОСИ ИСКЕНДЕР. НИСТАНДАРДЖИХАН:
Долго вриела крвавата битка,
и среќата се насмевнувала те на едната, те на другата страна….
Долго време никој во борбата среќен не бил,
Долго време никој немал среќа да биде некој соберен на земја…
Кој е бестрашен, бидејќи со него војува ратоборниот Рус?
Се прашува Низами, и продолжува потаму дека дури и Александар се колебал:
Изговорил мудриот, кој бил горд и велик:
“Од мене мојата среќа се одвојува од лицето.
Само незгода ќе ми ја испрати раката на небосводот.
Што копнеев за тешките походи!
Ако бедите на светот ваш ќе го насочат нападот,
Дури и најдрагите на светот ќе се повлечат.
Мојот поход е завршен.
Дали тој започнал со почест!
Навистина во текот на годината лавот постана жесток.
Не можев да го издржам походот, за мене тие се омрзени.
И во походот на Русите на моите денови дојде крајот!”
Потоа, пишува Низами, благодарение на личниот влез во битката на боженствениот Александар, го освои пехарот и неубедливо падна во ползата на македонците. Добро познато е дека во Кина, Александар Македонски не бил. За каква Кина (Китае), во тој случај говори Низами? Факт е дека, што средновековната Кина (Китае, Катае) е наречена земјата во јужниот дел на Западниот Сибир, каде можат да се видат на средновековните мапи на Меркатор, Хондиус, Сансон, Хебрштајн и другите автори. Оваа земја се располагала во Горниот Об и неслучајно Телецкото езеро на сите карти се нарекува Китајско. Од ова Китаја-Катаја, може да се видат мноштво на хидроними Китат и Катат. Најблиску до Томск има извори во близината на станицата Сураново, во непосредна близината на тајгата.
Под претпоставка дека Александар ја посетил оваа конкретна Кина, не е тешко да се поверува дека на тоа се водел Низами, патем овој регион одговора на она што и самиот антички автор Куртиј Руф го опишува во поглед на суровата клима и вечната ноќ. Тука во Земјата на Мракот, Александар пешачел месец дена. Истовремено тој марширал “два дена” во ноќта.
Совладувајќи ја оваа врста на потешкотија
По два дена Царот го направил преминот.
Цел месец на патот тој бил.
Сонцето вечната сила на небото се изменила.
Светлината од крајниот север се појавила не небото.
Во тој миг, го гледале залезот и излетот на сонцето.
Далечната северна ширина лебдела над себе.
Тогаш трупите биле на маргините,
Каде што Сонцето спие во соништата,
Каде земјата ја зграбувала светлината на небесниот крст,
Само темнината била крал на овие суморни места.
Таков фигуративен опис на Артикот укажува на тоа дека Низами знаел што напишал: Искендер – и потаму во Артикот ја изградил Железната Капија против Јаджуд и Маджуд (Гог и Магог) за што говоревме во првиот дел. Но, тешкотии се јавиле поради брзиот продор на 1.100 км од географската ширина од 56 до 66 степен во последните месец дена? Тој го оставил поголемиот дел од екипажот во пештерите и сите слаби и болни поради природните и вештачките фактори. Еве како не известува Низами:
Изобилството ја збуни силата на својата војска,
Во областа на Мракот сам одличил да оди.
Немало ниту една голема пештера
Во близината на местото, каде бил логорот на царот Искендер (Александар).
И тогаш царот ја удостоил желбата
Да се дојде до пештерата со вишокот од екипажот.
Таму се потомците воини на Румската сила.
Дали уште тогаш Македонија била дел од Римската федерација, или пак тоа е средновековното име, меѓудругото и за Македонија (Ромеја-Византија), според арапските архиви – Рума.
Потоа според делото на Низами ние може да го утврдиме и поводот за тој поход:
“Во темнината јас отидов со Искендер за живата вода! .. – што по примерот на царот, се облеков во црно, во потрага по духовно просветлување”.
….како живата вода да е заклучена во темнината. – Според легендата изложена во «Искендер-Наме» Низами, изворот на епската “жива вода” се наоѓал во царството на вечниот мрак. – Низами Ганджеви > Пета поема > Стр. 284
Ќе се вратиме подоцна на Живата Вода, и ќе објасниме подетлано за истото.
Тука интервенирало божјото провидение, и Александар, како божји избраник, чудесно ги победува Русите во оваа епизода. Тој се помирува и на сите им се заблагодарува. Тоа беше забележано во првиот дел од текстот каде има нејасни историски споменувања за ова помирување и за писменоста што била дарена од Александар кон Славјаните. Александар во текот на сибирската кампања имал вкупно три воени судури, односно три целосни војни со древните руси.
Првата војна е со Уструсините (Уструшани) на Јаик-Јаксарт, која веќе ја споменавме во првиот дел. Александар никогаш не ги победил Уструшаните со својата војска, особено оние кој останале во последниот дел, никогаш потполно не ги покорил Скитите (Скитите во овој случај биле наречени Уструшани од стрна на хелените).
Втората војна била со “индијскиот” (вендскиот) цар Пор ( Πῶρος, Pôros – Порус). За оваа битка, било посветено многу внимание во античките извори. Овој цар владеел со огромното царство на бреговите на реката Хидасп. Куртиј Руф го опишува Пор како најпаментен и најпросветлен човек на сите индијски (вендски) народи. Јустин пишува, дека пред битката Пор го повикал на дуел, и во првата пресметка со него Александар бил “исфрлен од седлото” и лежел во калта под нозете на коњот Букефалус (“Воловската глава”). Ако не биле телохранителите кои ги прекршиле условите на борбата, крајот на битката ќе била сосема поинаква. Сепак, Плутарх тврди дека битката со Пор, ги потиснале Македонците, што тие потаму категорично одбиле за понатамошен поход. Кој е овој Пор и на кој народ тој бил цар ? Порус бил царот на Југорските Анти!
Од оваа позната графика на Алонсо Чапел (1865) јасно е прикажан козачкиот изглед на високиот Порус.
Првиот дел од овој текст прочитајте го ТУКА
Така од Плиниј Постариот и Страбон следува, дека во областа на Сирастрани (Sarauceans) се наоѓала територијата на древниот град Аseni, во областа која Александар ја основал својата друга Александрија (Букефалија) и каде што ја преминал реката Хидасп во времето на војната со царот на сибирските индијци (венди), Порус.
Aseni, тоа е недвосмислено Асино, градот во Томскиот регион на бреговите на реката Чулим (Ус). Tочно се поклопува името. Од Хелените, кој ја пишувале кампањата на Александар во Индија, ние знаме дека Александар по победата над Пор (Порус) на местото на битката е основан друг град – Никеја, од другата страна на реката, од спротивната страна на Александриската Букефалија.
Денеска гледаме дека од спротива е градот Aсино кој се наоѓа во селото Првомајско (Пишкино-Троцко). На станицата во селото Белаев, кон крајот на првиот милениум пред новата ера, имало утврден град (населба). Денеска јужно од Асино, во градот на Томскиот регион протекува река, која го носи името на Пор – реката Порос. (види за: река Порос – лева притока на Том). Течат истотака реки, не многу далеку, во Новосибирската област – Порос, и Поросик. (види за: река Порос – притока на Об ; река Поросик )
Страбон во “Географија” носи соопштение на Никола Дамаскин дека тој е во Антиохија во близина Дафне каде се сретнал со индијските посланици, на нивниот пат кон Цезар Августул со порака од царот Пор. Тоа е напишано на кожа со хеленска азбука и потпишан е Пор. Тој владеел над шестотини цареви, но сепак имало големо мислење за честа да се биде “пријател” со Цезар и му ветил помош во сите негови праведни претпријатија. Очигледно, ние имаме тука работа со цела една династија што го носи ова име што одговара на името на народот.
Се разбира, Пор тогаш неможе да го испраќа кон амбасадата на Август по три и една четвртина век подоцна од Александар Македонски, и не може да биде истиот тој Пор. Очигледно, ние имаме тука работа со цела една династија. Од тогаш, Пор современникот на Август, не бил последното дете на тој свет, а во индијската династија на Мауријците царот Пор не се појавува, не ќе биде лошо да се знае, каде владеел и над кој шестотини цареви – Великиот цар Пор.
Одговорот веројатно е во тоа дека во обско-наримските Ханти имало фратерија (род), наречен Пор. Од време на време овој род ги организирале т.н. “спорадични” мечкини празници. Комбинацијата «пор-спор» укажува на тоа, дека и обските Ханти и царот Пор заедно со својот народ припаѓале на ист етнос, каде грците или ромеите (византијците) ги нарекле спори. Еве еден пример за тоа: Apart from respect to older historians, Jordanes narrative style was shaped by his polemical debate with his contemporary – Procopius.[25] Whilst Jordanes linked the Sclaveni and Antes with the ancient Venedi, Procopius states that they were both once called Sporoi (Procopius. History of the Wars. VII 14.29).
Растот на Пор бил расен и изнезувал 4,5-5 лакти (тоа е околу 2,3 метра), а од историјата знеме дека Антите како посебна група на Словено-Аријските народи биле познати по својот колосален изглед, каде силата и висината биле физички нагласени, па одтука и самиот поим Гиг-Ант, како и самиот поим – Антика, произлеува директно од овој народ, како и многуте имиња и презимиња што се денеска присути помеѓу нашите народи (Антон, Анте, Антевски, Антич итн). Спори биле оние Антски народи кој биле предводени од царот Пор.
Прокопиј Кесарски (VI в.) исто така забележал кај Словените и Антите многу висок раст и огромна сила. Лав Прозоров укажува на тоа дека во фолклорот на Блискиот Дунав, Антите ги гледа како гиганти. Ова очигледно укажува на тоа дека царот Пор бил Словен, имено Ант. И каде се тука Хантите, ви се молам? И покрај фактот дека постои причина да се претпостави дека Хантите потекнуваат од Антите. Незаборавната меморија на В.Н. Демин, нажалност, одамна го напушти своето телото, во својата книга “Нордијска Русија“, во 2007 напишал дека за време на својата посетата на Обскиот Север во летото 2002 година, тој ја запишал хантската легенда, според која во далечното минато, хантите и русите биле еден народ, кои зборувале еден ист јазик. Исто како што дефинитивно се поврзани зборовите Инди и Хинди, исто така слични се и зборовите Анти и Ханти. И тоа не се само обични зборови, зад нив стојат и исти народи.
Венгриските (Унгарските) етнографи кои го бараат домот на нивните предци кај Об, се запознале со легендите на крајот од XIX век. Унгарците денеска во огромна мера имаат словенска генетика а тоа го покажува и физичкиот изглед, сепак биле блиски роднини со Хантите, за што не биле задоволни поради нивната блискот со Русија и повеќе од оден век се молчи на оваа тема. Но, во голема мера може да се радуваат на фактот дека нивните предци заедно со Пољаците го “чистеле клунот” на Александар Македонски. Освен тоа, се разбира, ако за истото покажат љубопитност.
Третата војна на Александар била со сибирските московјани. Нивниот главен град бил наречен Масага (Масаха). Се вели дека на реката Месохија го основал внукот на Ное по име Мосох (Моск). Населението на градот било мосохенци (московити), а со нив владеела царицата Клеопида.
Диодор соопштува, дека Александар ја разделил армијата на три дела. На чело на едниот дел тој го поставил Птоломеј, каде му наложил да го пустоши крајбрежјето. Леонит за истата цел, го испраќа во подножјето на планинскиот регион кој постанал рушевина. Во текот пламнале пожари, биле извршени грабежи и убиства, бројот на жртвите се проценува на повеќе од десет илјади луѓе. Се чини дека оние кои се бореле во близината на Норилск зачувале многу “воени”топоними: реката Барајка и нејзината област кај месноста Војнар, реката Убојна, р’тот Оружило, реката Могилна и Покојницкаја.
Кај Јустин може да прочитата дека на деветиот ден на нападот на Масагите, кралицата Клеопида сфатила дека градот не можел да се одржи. За спасение на народот самата му се предала на Александар. Синот од него го таа го нарекла истотака Александар, а потоа тој станал цар.
Првиот дел од овој текст прочитајте го ТУКА
- Словенска Прародина
Александар оставил значајна трага во историјата. Што е тоа што го довело да агресивните кампањи: Жедтта за моќ, слава, или неискажаните индијски богатства? В.Н. Демин верувал дека Алаксандар трагал за својата Прародинска земја, за живата вода на бесмртноста, која се споменува и други словенски митови и легенди. Но зошто Александар отишол во Сибир? Ние го пронаоѓаме одговорт кај С.И. Верковиќ: Александар сакал да го посети огништето на Македонци, нарекувајќи го симболично”Крајот на земјата”, каде според древните преданија тука се наоѓала легендарната и епската прататковна на белите луѓе, каде во многу дамнешните еони, пред катаклизмата, потопот и пред настанокот на ледената доба, овој простор бил ослободен од лед и суровост и имал идеални климатски услови за живот. Тоа е света земја Даарија, или позната во хеленските митови како Хипербореја.
Глобусите од националниот музеј во Фрнација со приказ на континентот Даарија (Хипербореја) како и територијата на Велика Тартарија – Словено Аријската Империја. Секој ден имаме се повеќе и повеќе нови факти кои укажуваат на тоа дека историјата на нашата цивилизација е многу намерно искривена. Малку внимание и грижа ние посветуваме на тоа да ги расвлетиме овие случувања на нашето волшебно минато. 55 глобуси од 15-19 век дигитализирани во 3D форма: Француската национална дигитална библиотека, како и обично, се ретките кои се охрабруваат да продрат подлабоко.
Тие се дигитализирани и испратени во отворен пристап, 55 старински глобуси (глобус на земјата и на ѕвезденото небо).
Највпечатлива работа што сите глобуси во 3D форма се со одлични детали и квалитет. Прикажуваат големо задоволство. Извор :https://youtu.be/tcPNsWh52hI
Хипербореја на средновековните мапи:
Речиси половина еден век на Балканот (во тогашната македонска провинција на Бугарија) извонредниот етнограф Илич Стефан Верковиќ регистрирал голем број на стари македонски песни. Верковиќ бил босански Србин, панславист, и го знаел помачкиот (македонски) јазик. Во 1860 година издал збирка во Белград “Народни песни на Македонските булгари”. Се на се, се собрани 1.515 песни, приказни и легенди со вкупен волумен од 300.000 стихови. Од 1862 до 1881 година само многу мал дел од оваа колекција (околу една десетина) била објавена, за жал само два тома биле објавени од ова непроценливо богатство за Јужнословенските а најпосле и за сите Словенски и Аријски народи.
Општи информации за: Веда Словена.
Најважните изјави во “Веда на Словените” е тврдењето дека домот на Словенските Предци (потенцирам со големи и здебелени букви) не било местото каде што Словените живееле во доцниот XIX век. Ведите јасно велат во врска со исходот на Предците на Словените дека бил од далечниот или крајниот север – Арктичката прататковина , која што Македонците ја нарекувале “Крајната-Земја“. “Крајната-Земја“која навистина била на работ на Евроазискиот континент, во близина на Темното Море, она кое било прекрено со мрак и вечен мраз, морето, во кое се влевале двата Бели Дунави (покриени со мраз и снег). Во “Крајната-Земја” зимата и летото траеле пола година – шест месеци, што укажува не само на Арктичките услови на таа земја, туку и за неговата близина со Северниот Пол.
Раселението на Белата РАСА низ светот пред 120 000 години, после првата планетарна катастрофа, потоп и климатско пореметување.
Значи, словенската прародина била “Крајот на Земајта” која се прострирала во Евроазијското Заполарје, односно Арктикот, кој, да повторам, во далечните доби бил со идеални климатски услови, а за истото може да ја погледатe и емисијата на генијалниот Крешимир Мишак, поточно: “На Руби Знаности – Предпотопне Цивилизације”. Арктикот е голема територија, од Колскиот полуостров до р’тот Дежнева. Пробајте, погледнете ги погледате мапите!
Сепак во “Веда на Словените” постојат и други индикации кои ни овозможуваат тесна локализација за пребраување во оваа област. Во”Ведите” се споменуваат народите Јуруци. Арапскиот патеписец Ибн Фадлан и Ал- Гаранти кој ја посетиле Волжка Бугарија, Јуруци ги нарекле Југрите. Ако е така, “Крајот на Земјата” се наоѓала во непосредна близина со Југрите, а тоа е Приполарниот Урал и Зауралието.
Покрај тоа, во “Крајот на Земјата” имало свети планини. Во руското Заполарие (Арктикот) се планините на полуостровот Кола (Коло,Коледе), Приполарниот Урал, тука е планината Бјаиранга, Путоранското плато, тука постојат Верхојанскот и Черескиот сртови. Од овие рударски планини нашето внимание главно е привлечено од Путоранските планини. Зошто? Бидејќи во “Словенски Ведите” се споменуваат топоними и “херои”, многу слични фонетски со путоранските топоними.
Прво, во “Ведите” се споменува некој Дракон (Змеј), кој живее во планинско езеро и не ги пропуштал луѓето преку плалнинската клисура и езерото. Змејот бил наречен Сурова Ламија. Тоа не е далеко од Норилск во планинската клисура на платото Путорана каде имаме езеро, кое до денеска се нарекува Лама. Тоа е можно бидеќи езерото Лама во близина на Норилск е наречено во чест на Суровата Ламија.
Второ, во “Крајот на Земјата” согласно со “Ведите” се споменува Чета-Земја (Четајска земја, која е всушност Читајска земја). Рускиот преведувач на “Словенските Веди” Aлександар Игоревич – Асов, смета дека е можно оваа Читајска земја да е всушнот Китајската земја (Кина). Во овој случај не станува збор за денешната држава и територија на Кина, туку сосема друга локација. На средновековните карти на Витсен (XVII век) реката Китаем ја нарекувале Енисеј, а Китајската земја се сметала за земјата помеѓу реките Об и Енисеј. Јужно од езерото Лама во Пуоранските планине е езерото Хета. На современите карти било напишано одвоено во загради името Кита (Кина). Целиот северен Сибир помеѓу Об и Енисеј и источно се карактеризираат со изобилство на хетски хидроними. Поместувањето на «х» во «к» (Хатанга – Катанга, Хетта – Кета) е резултат на туркизацијата која е карактеристична за Сибир и не само за Сибир.
Трето, во “Крај на Земјата” се наоѓало Харапското поле. Во Харапската земја во близина на двата Бели Дунави се наоѓала земјата на Правдата (Вистината). На север од платото Путорана има река Горбита, а јужно од платото е реката Горобиачин. Со оглед на законот на бувкоизмението («г» – «х», «п» – «б») во присуство на форматот «чин» Горбита и Горобиачин ја појаснуваат локализацијата на Харапското поле за локализација на земјата на Правдата.
Четврто, во “Ведите”, се вели дека до Харапското поле живееле диви луѓе. Тие не ја орале земјата, ниту пак сееле, никаква продуктивна работа, живеат од грабеж и во основа се дивјаци, пештерски троглодити. Дивовите, Дивите луѓе познати се во рускиот и словенскиот фолклор. Овие влакнести гиганти кој биле опасност за луѓето, биле опеани во битките со непобедливте херои. Речиси истиот мит го гледаме кај скандинавците, односно нордијците каде славните богови се борат против смрзаните џинови (Frost Gigants – Jötunn, Yetin, Jeti).
Низами истотака за ова пишувал во својата песна “Искендер-Наме”. Патувајќи во Волжка Бугарија, арапскте патаписци истотака имале можност да ги видат. На Једгеј татаринот му биле подарени двајца такви влакнести дивови фатени во Сибир на планината Арбус.
На истокот Дивовите биле наречени Деви, и така настанало побркувањето на термините Диви и Деви, каде воедно истот овој термин постанал симбол за нешто демонски или диво (диавло, девил, девијантност, диво) а потоа тоа било погрешно пренесено поради терминот што се користел за некаква колосалност и големина – Деви, односно, девично, девичанствено-боженствено, чисто, непорочно. Професорот В.Ф. Поршнев, докор по историски науки, верува дека дивовите-девите се остаток на хоминоиди, неандрталци, кој успеале некако да достигнат до тие денови на неодамнешното минато, а можеби и денеска сеуште. Овие џинови-неандрталци многу потсетуваат на општо познатите приказни за Јетите. Многу физички докази говорат за ова, особено остатоците од нивните стапки. Во моментов тие се нарекуваат снежни луѓе (big foot). Хантите снежните луѓе ги нарекле “Магики”, сугерирајќи дека тие се легендарните Гог и Магог. Низами ги опишал како влакнести гигантски дивјаци кој напаѓале и ограбувале населби во тоа време.
Во западниот дел на платото Путорана помеѓу реката Горбиачин и езерото Хета (Кита, Кина) ние откриваме повеќе од десетина Гого-Маговски хидроними: реката Тонелгагочар, (тунелската река Гог), реката Ирбегогочар (рибарската река Гог), реката Гогочонда, Хантијскиот залив Могокта, реката Мокогон и Умокогон, реката Макус, заливот Моген и Могхадам. Таквото изобилство на Гого-Маговските хидроними на површина од 30 на 30 км покаува јасно дека тука живееле дивите снежни луѓе.
Сумиранњето на погорното совпаѓање на Путоранските топними со топонимите од “Словенските Веди“може да се каже дека не е воопшто случајно. Повторно, може да тврдиме со силни аргумент дека ова совпаѓање воопшто не е бесмислено. Со значителна сигурност може да тврдиме дека Словенската Прародина била “Крајот на Земјата” а тоа е Таимир, Арктичкиот регион каде во многу далечното минато пред првиот потоп било рајско место за живот.
Можеме истотака со сигурност да утврдиме, дека предците на Словените имале контакт со Александар Македонски (Тугарин Земеевич, како што го нарекувале Словените фигуративно во древните хроники, за кои ќе говориме во следниот текст).
- Загатката за бегството на Александар
Во античките извори има мистериозна епизода која целосно ја деморализирала војската на Александар да избега, па баш исто како и Наполеон од Москва, или пак нацистичата војска на Хитлер.
“Тоа беше невозможно, да биде без никакво оштетување по луѓето или да останат тука или да се движат нанапред – во кампот на угнетените од нивниот глад, а попатно се повеќе и повеќе болни. Сепак, по патот не биле оставани само мртви трупови, туку и живи луѓе кои умираат. Да ги следат сите не било возможно дури и за лесно болните, бидејќи движењето на четата се повеќе и повеќе се забрзувало; бидејќи што побрзо се движат напред тие ќе бидат поблиску до своето спасение. Затоа заостанатите побарале помош од пријателите и непознатите. Но немало тука никакви животни, за да ги носат, и самите војници едвај го влечеле нивното оружје, и застанаа пред очите на ужасите на престојните катастрофи. Затоа, тие не се ни гледале во честите извици на своите луѓе: сочувството го задавувало чувство на страв.”
Плутарх ни посочува дека како резултат на бегството на Александар извел од “Индија” се на се 30 илјади од 135 илјади од своите непобедливи војници, а Куртиј Руф бил многу изненаден, како со тавиот образ Александар го претворил неговиот срам во слава? Но, бидејќи во решавачката битка во која Александар бил поразен, историјата не знае, Александар останал во свеста на своите потомци како победник. Армијата не му простила за овој катастрофален пораз, постанале зрели заговорите и наскоро Александар ќе биде отруен.
Што всушност се случило? Зошто Александар избегал толку брзо, губејќи ја армијата? Куртиј Руф ја отсликува причината за неговото бегство многу живописно:
“Во поголемиот дел од годината имало толку многу неверојатен снег, каде речиси никогаш немала видлива трага од птици или било која друга ѕверка животинска. Вечната темнина и магла го опфатила небото, и денот не се распознавал од ноќта, едвај можело да се препознаат блиските предмети. Војската, заведена во соновите на просторните снежни пустини, каде што совршено не постоела никаква човечка помош, биле подложени на секакви несреќи, глад, студ, замор и очај кој ги совладал сите. Многу погинале од непроодните снегови, за време на страшните мразови проследени со неверојатно силна и неподнослива треска. И лишени од гледката: другите потиштени од замор упаѓале во смртоносните мразови и останувале неподвижни, вкочанети од студ, а потоа не можеле нагоре “.
Очигледно, со Александар се случило истото што подоцна му се случило на Наполеон загубувајќи во Русија 105 илјади од своите 135 000 непобедливи војници. Се надевам дека ние можеме спокојно да ја презеримираме Масага во Москва, во средината на непријателиско настроените народи, кои ги обиколиле русите од сите страни, како брод заглавен во лед. Мислев на руската зима која ги суспендирала непријателите.
“Но, јас не можев да ги победам пожарите, мразовите, гладта и смртта. Судбината беше посилна од мене. “ Ова се зборовите на Наполеон Бонапарта, и многу добро може да припаѓаат и на Александар Македонски.
Авторот на книгата Сибирскиот поход на Александар Македонски: Николај Сергеевич Новогордов
Првиот дел од овој текст прочитајте го ТУКА
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.