“Сигурно бил на тешки лекови кога го рекол тоа“: Таткото на момчето убиец од Рибникар се брани од изјавата на синот, присутните револтирано ја напуштија судницата

Денеска во Вишиот суд во Белград продолжи судењето на родителите на момчето убиец Владимир и Миљана Кецмановиќ, кои се изјаснуваат за наводите од проширеното обвинение во кое се товарат дека го занемариле и малтретирале нивниот малолетен син кој го изврши масакрот на ОУ „Владислав Рибникар“.

Владимир Кецмановиќ се изјасни за невин, а на родителите на убиените деца им беше тешко да ја прифатат изјавата на Кечмановиќ за „дружење, учење и разговор“ со малолетниот син.

Според неофицијални информации, Владимир Кецмановиќ рекол дека тие биле практично идеални родители, а со синот се дружеле, учеле и разговарале, што родителите тешко го слушале.

„Мора да бил на лекови“

Кецмановиќ, според неофицијални информации на порталот Блиц, во текот на сведочењето говорел и за сведочењето на неговиот син пред судот, во кое изјавил дека татко му го нарекол психопат, и дека масакрот не би го извршил ако татко му не го научил да пука и да немал оружје дома, но и дека мајка му го притискала да биде најдобар во се.

Меѓу другото, Кецмановиќ изјавил дека неговиот син „сигурно бил под лекарства кога зборувал така и дека бил успорен“.

Инаку, Кецмановиќ одби да одговори на прашањата на главниот јавен обвинител Ненад Стефановиќ и двајца јавни обвинители за стрелиштето и влијанието што го имало врз момчето убиец. Некои родители ја напуштија судницата.

На 25 октомври, Вишото јавно обвинителство во Белград до Вишиот суд во Белград поднесе предчог за дополнување на обвинението против Кецмановиќ поради сомнение за запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

Проширувањето на обвинението следеше откако момчето убиец, за прв пат од 3 мај сведочеше во кривичната постапка против неговите родители.

“Мајка ми постојано бараше да бидам најдобар. Се лутеше и викаше кога не бев најдобар. Бидејќи постојано бараше повеќе од мене, и јас бев лут на неа. Нејзиното однесување влијаеше на мене да го правам тоа што го правев. Немав „Да ги имав пиштолите на татко ми, немаше да го сторам ова“, рече тој на судењето

Пронајдете не на следниве мрежи: