Македонија имаше (не)среќа да го отвори Мундијалот со ривал кој конкурира за медал на ова СП, можеби и за Злато. Норвешка е велесила, која е јасен фаворит против црвено-жолтите, но тоа никако не ни го одзема правото да играме за сензација.
На таков став е и Томи Јагуриноски, првиот наследник на Кире Лазаров, на позицијата десен бек, кој бележи константен напредок во својата форма.
„Ќе дадеме сè од себе да го изненадиме денешниот противник. Норвежаните играат одличен ракомет, познати се по својата игра. Сметам дека можеме да одиграме добар натпревар и во некој сегмент да ги изненадиме. Ми се допаѓа овој систем, ми одговара побрзата игра. Јас мислам дека сме добри и ќе бидеме само уште подобри“, рече Јагуриноски на средбата со медиумите.