Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индонезија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Земјотресот се случи на длабочина од 34 километри и го погоди индонезискиот административен дел на островите Талауд.
Епицентарот на земјотресот бил на 241 километар од филипинскиот град Џенерал Сантос, додава EMSC.
Засега нема информации за материјална штета.