Силен земјотрес го стресе Перу

Земјотрес со интензитет од 7,1 степени по Рихтеровата скала денес е регистриран во јужниот дел на Перу, соопшти Американскиот геолошки институт. Пацифичкиот центар за предупредување од цунами наведе дека не очекува појава на големи бранови ширум Пацификот.
Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри северозападно од градот Хулиака, на длабочина од 258 километри. Сѐ уште нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.