Силен земјотрес на подрачјето на Курилските острови

Земјотрес со магнитуда од 7,2, во петокот наутро, го погоди подрачјето кај Курилските острови. Потресот бил почувствуван во целиот североисточен дел од јапонскиот архипелаг.Американскиот институт за геофизика (USGS) објави дека не е прогласена опасност од цунами.Епицентарот на земјотресот се наоѓал на повеќе од 500 километри североисточно од островот Хокаидо и на 30 километри од Уруп, еден од островите кои се наоѓаат во архипелагот на Курилските острови.USGS проценува дека потресот се случил на длабочина од 122,3 километри. Засега нема извештаи за евентуални жртви и за причинета материјална штета.Според јапонските стручњаци, подрачјето на Јапонија во моментов минува низ период на силна сиезмичка активност.
МакфаксЗемјотрес со магнитуда од 7,2, во петокот наутро, го погоди подрачјето кај Курилските острови. Потресот бил почувствув

Пронајдете не на следниве мрежи: