Силен земјотрес на Филипините

Како што соопшти Американскиот геофизички институт земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на јужниот филипински остров Минданао.
Епицентарот на земјотресот бил на 193 километри источно од градот Генерал Сантос.
Опасност од појава на големи бранови нема и не е загрозена американската сојузна држава Хаваи, соопшти Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.