Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер ја погоди провинцијата Кахраманмараш во Турција во 4 часот и 55 минути.
Епицентарот на земјотресот бил округот Гоксун, јавува агенцијата Анадолија, а земјотресот се случил на длабочина од 7 километри.
Кахраманмараш беше епицентарот на двата земјотреси на 6 февруари со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала што погодија 11 турски провинции.