Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денес е регистриран во западен Иран, во близина на границата со Ирак. Потресот бил на длабочина од 10 километри со епицентар во близина на градот Сумар во провинцијата Керманшах, на 690 километри југозападно од Техеран соопшти иранскиот Сеизмолошки центар. Засега нема информации за жртви и предизвикани штети во оваа слабо населена област.
Во истиот регион по првиот потрес биле регистрирани уште два потреси со јачина од 4,9 и 4,4 степени според Рихтеровата скала.