Силно невреме во Србија

Синоќа Србија беше зафатена од силно невреме со дожд, град и грмотевици. Регистрирани се повеќе од 15.000 удари од гром и молњи.
Во целата земја  ноќеска се испукани 829 ракети од осум радарски центри, потврди за Танјуг Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За само три часа употребени се 10 насто од целокупните ракети на годишно ниво.
Силното невреме со дожд, град и ветер го зафатија Белград околу 19:40 часот заради што на кратко беа прекинати фудбалските натпревари помеѓу “Црвена Звезда“ и “Напредок“, и “Партизан“ и “Пролетер“.
Во Чачак, Ивањица и Лучани околу 20 минути паѓаше град со големина на лешник.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.