Силен ветер, дожд, град и електрични празнења, вчера ја зафатија речиси целата територија на соседна Албанија. Како последица од невремето во земјата има поплави, причинета е материјална штета, а има и прекин во снабдувањето со електрична енергија. Поради високото ниво на вода по улиците во Валона имаше прекин во сообраќајот, а дојде и до повеќе сообраќајни незгоди во кои се повредени повеќе лица.
Посебно погодени подрачја се околиите на Ѓирокастро, Валона, Саранда, Корча и Шенѓин.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.