По синоќешните поплави во Крива Паланка предизвикани од големото невреме и поројните врнежи од дожд, денеска на терен се распоредени сите екипи од општинските служби.
Во овие кризни моменти да останеме смирени, да бидеме единствени и сполотени за помош на граѓаните, за решавање на проблемите. Време е на човек за човек!
Ниту еден човек,наш сограѓанин да не биде во мака. Со петни жили ќе работиме… Нашата Крива Паланка ќе биде повторно најубав, најзелен и најрасцветан град.
Градот убав пак ќе сјае, упатуваме молитви до светците-закрилници на Општина Крива Паланка, св.Јоаким Осоговски и св.Јоаким Крчовски, објави синоќа градоначлникот на Крива Паланка, Сашко Митовски на Фејсбук, посиноќешните поројни дождови ја зафатија општината.
Однесени се пешачки мостови, поплавени неколку домови, настанати се одрони и свлечишта и големи материјални штети информира Општина Крива Паланка.
Поради оваа ситуација состанок синоќа одржа општинскиот Штаб за заштита и спасување кој донесе заклучоци за следење и санирање на состојбата. Денеска ќе почне проценката и распоредувањето на службите на местата каде што ќе треба да се интервенира. Ќе бидат затворени критичните патни правци и ќе биде издадена забрана за движење на пешачките местови и во речните корита.