„Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“ за лекување на Леонид


Македонскиот народен театар (МНТ) хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“. Претставите ќе бидат изведени на 3 април 2024 година, во 12:00 и во 20:00 часот.

– Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на нашиот Леонид, соопшти денеска МНТ.

Претставата „Силјан Штркот Шанца“ е по истоимениот текст на Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Сценограф и костимограф е Илина Ангеловска.

Во претствата играат Александар Михајловски, Нино Леви, Марија Новак/Магдалена Ризова – Черних, Ивица Димитријевиќ, Нина Деан, Александар Ѓорѓиески, Висар Вишка/Борче Начев, Кире Ѓоревски/Стефан Спасов, Ана Стојановска, Наталија Теодосиева, Тина Трпкоска, Стефан Спасов…

„Сите сме птици“ е во режија на Слободан Унковски, а работена според текстот на либанско-канадскиот автор Важди Муавад.

Во претставата играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Николина Кујача, Сашка Димитровска, Драгана Костадиновска, Петре Арсовски, Емил Рубен, Сара Климоска, Дамјан Цветановски и Тина Трпкоска.

Билетите се достапни на веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ која работи секој работен ден и сабота од 12:00 до 20:00.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: