Силјановска Давкова му одговори на Мицотакис: Со закани не се гради пријателство!

Заканите за вето од страна на грчкиот премиер не се во духот на развивање пријателски и добрососедски односи. Претседателката Силјановска Давкова одговори на Мицкотакис. Наместо со закани претседателката го повика Мицотакис да се однесуваат скандинавски и недоразбирањата да се решаваат преку културна дипломатија.

– Преспанскиот договор има механизми, почнувајќи од укажување, па до обраќање до Генералниот секретар на Обединетите нации. Постои и можност за покренување постапка пред Меѓународниот суд на правдата, чија пресуда соседот Грција не ја почитуваше. Јас не можам да го спречам во тоа. Преспанскиот договор е дел од преговарачката рамка, но не мислам дека е тоа во духот на развивањето на пријателските односи, изјави Силјановска Давкова

Но и од денешната дебата за предизвиците на Европската Унија организирана од фондацијата Конрад Аденауер и Европското движење пристигна нова порака од Грција. Дебатата од публика ја следеше заменик амбасадорката на Грција која не ја пропушти шансата да потсети дека Македонија мора да го почитува Преспанскиот договор ако сака во ЕУ. Одговор доби од потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претставниците од сите политички партии, и од власта и од опозицијата, се согласни дека Македонија нема друга алтернатива освен членството во Европската Унија, но потребни се сериозни реформи.

Пораки дека местото на сите земји од регионот е во Европската Унија испратија и амбасадорите на Германија и Словачка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.