Синди Крафорд во две секси модни изданија

Супермоделот Синди Крафорд (53), за два дена се појави во две одлични модни комбинации. Во четвртокот се појави на отворање на ноќен клуб во Лас Вегас.
Во друштво на сопругот, Крафорд го привлече вниманието во црвен фустан што ја нагласува нејзината совшрена линија. Шлицот од едната страна и деколтето внесоа дополнителна доза на сексапил.


Стајлингот го заокружи со дискретен накит, сребрена чанта и сандали со ремче.
Вчера пак, присуствуваше на свечена вечера во Лос Анџелес, за каде одбра црн костум, комбинација која е апсолутен моден хит!
Широките панталони во комбинација со широко црно палто со V – израз, совршено изгледаа на нејзината висина и фантастично тело.
Повторно, кога се модните додатоци во прашање, дискретниот накит е нејзиниот избор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.