Синдикатот на вработени во културата се спротивстави јавно на министерката за финансии – го бараат ресорниот министер да се јави

‼️Како синдикат на сите вработени во културата шокирани сме од наративот на Министерката за финансии, кој во ништо не се разликува од наративот на нејзините претходници. Ваквите паушални изјави за висината на платите во културата, кои ѝ се достапни на Министерката за финансии не се ништо повеќе од обични манипулации, кога сакаат да се нападнат вработените во културата, а дел од останатите вработени во јавниот сектор да се прикажат какао жртви.

👉 Само како пример ќе кажеме 70 000 плата има Кустос со највисоко стручно звање во заштитата – советник и над 25 години работен стаж. Првенци и вработени со највисоко стручно звање во заштитата не се повеќе од 50 во цела култура.

❗️❗️❗️Во иднина новата влада нека ја погледне висината на минималната потрошувачка кошничка, која во моментов изнесува 60 000 денари и нека ги спроведе ветувањата за пристоен живот и европски стандард на сите.

‼️ Маргинализирањето на вработените во културата како небитни во целиот јавен сектор, укажува на непознавање на функционирање на институциите во културата и дали тоа во иднина би довело до негрижа за културното наследство и афирмација на културата во државата и надвор од неа.

⚠️ Во држава во која над 30 години се вработуваат партиски членови, во држава во која и националната припадност е работно место, држава во која се измислуваат институции, агенции со цел некои да имаат огромни плати, некому му пречи најмалиот, но и тоа како значаен сектор. ❗️Нападнат идентитет на држава, нападната култура, се брани токму со култура. ❗️Не може да браниме национален идентитет зборувајќи за високи плати во културата. 👈👈👈

‼️Го повикуваме Министерот за култура да застане зад својот сектор во кој до вчера беше дел, да работи на решавање на проблемите во културата и ако постојат поединци, кои според Министерката за финансии не работат и не се грижат да ги наплатат своите приходи, да не дозволи тие да бидат сликата на останатите вработени во културата.

#платитевокултуратанесевисокинанаставницитесениски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.