Синдикатот на културата денес ќе одржи протестен марш

Како што информираат од Синдикатот, протестниот марш е со цел изразување на незадоволството и разочарувањето од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години.
– Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права, се наведува во соопштението.
Маршот ќе започне во 12.00 часот од паркот Ибни Пајко, позади Македонската филхармонија, ќе продолжи пред Владата и ќе заврши пред Министерството за култура каде претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот – „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 01.01.2020 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.