Под влијание на циклонска активност денес и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни денес во западните (над 30 л/м2), а утре во источните делови. Локално ќе бидат во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 км/час.
Потоа времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.
Прогноза за 06.10.2024
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 17°C до 24°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд претежно во северните делови, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Прогноза за 07.10.2024
Минимална температура: 5°C до 15°C
Максимална температура: 18°C до 25°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Прогноза за 08.10.2024
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 20°C до 26°C
Сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се зголемува . Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.