Ригорозни диети, планови за исхрана и вежбање. Сето ова му помогна на Виктор Живојиновиќ, синот на Лепа Брена, да изгуби околу 50 килограми во текот на изминатата година. Сепак, процесот на губењето на тежината одлучил да го заврши со еден естетски зафат, пишува „Курир.рс“.
Тој тежел 160 килограми, а во отстранувањето на вишокот му помогнала липосукцијата на која неодамна се подложил. Резултатите добиени од вежбањето и промената во исхраната биле одлични, но тој сакал да ги отстрани масните наслаги од стомакот кои најтешко се топеле.
Поради тоа, како што пишува овој српски медиум, тој се одлучил за липосукција. Благодарение на неа, тој го подобрил обликот на телото и хирургот во неговиот случај немал многу работа, бидејќи во прашање била мала корекција. Меѓутоа, доколку Виктор се одлучил за ова порано, со многу повеќе килограми, операцијата би била ризична и не би ја поднел лесно.
На својот Инстаграм-профил тој редовно го објавувал напредокот во губењето на тежината, но признал дека не бил целосно задоволен од својата трансформација.
– Не определив точно уште колку килограми треба да ослабнам, но 10 најмногу. Поважно ми е да се затегнем и моите мускули да имаат добра форма. Добивам комплименти откако ослабнев 50 килограми, но гледам дека може да биде уште подобро – рекол тој.