Маркус Џордан (32), син на најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан, планира да се ожени со Ларса Пипен (49).
Таа е поранешната сопруга на Скоти Пипен (57), славниот соиграч на Мајкл Џордан во Чикаго, со кој заедно освоија шест шампионски прстени, а Маркус Џордан го знае уште од мал. Со оглед на тоа дека семејно биле пријатели, Ларса дури и го чувала Маркус, па речиси три децении подоцна меѓу нив се родила љубов. Така, медиумите сега пишуваат дека Маркус ќе се жени со својата дадилка.
Тоа е љубов која Мајкл Џордан не ја одобрува и се противи на врската на неговиот син со многу постара жена, но Маркус тоа не го интересира и според информациите на американскиот портал „ТМЗ“ – планира да ја запроси наскоро. Тие двајца и покрај сомнежите на целата јавност, функционираат одлично и својата хармонична врска сакаат да ја крунисаат со брак.
Маркус и Ларса се во врска повеќе од една година и многумина мислеа дека тоа е само „фаза што поминува“ бидејќи и двајцата имаа бурни романси во минатото, но тие двајца се многу сериозни. Ларса Пипен беше во брак со Скоти од 1997 до 2021 година, а потоа почна да излегува со многу помлади кошаркари од неа – како Малик Бисли.
Инаку, поранешниот модел и учесничка во реалното шоу има четири деца, од кои најстариот Скоти Јуниор игра во НБА, па тоа е една од причините зошто Мајкл Џордан е против врската со Маркус.
Кога папараците во Париз на почетокот на јули го „уловиле“ Мајкл Џордан со сопругата Ивет Прието пред ресторан, го прашале дали ја одобрува врската. Најдобриот кошаркар на сите времиња само се насмеа и рече „не“, оставајќи ја Ларса во шок.
-Мислам дека не беше смешно. Нема ништо смешно во тоа. На некој начин се срамев. Јас сум истрауматизирана! – изјави тогаш поранешната на Пипен.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.