Со родителството обично доаѓа и тоа време кога децата ќе пораснат и повеќе не сакаат да се галат и гушкаат. Тоа родителите тешко го прифаќаат, особено мајките.
Мајката Мериеке Ворслуијс од Амстердам особено тешко го прифатила тоа, па посегнала по едно несекојдневно решение.
Инаку, по професија е дизајнерка, па одлучила да ги преземе работите во свои раце и да направи “нов син од волна”.
View this post on Instagram
My knitted son skateboarding #knitstagram #knitting #knittingontheedge #scarycuddlyknit
“Мојот син е во пуберет. Постојано се галевме, но во последно време тие моменти се сè помалку. Наместо тоа, тој сака повеќе да се дружи со пријателите, да слуша музика, да си игра на мобилниот телефон…Секако свесна сум дека тоа така треба да биде и среќна сум поради тоа, но истовремено тажна, бидејќи неговите потреби се различни од моите”, рекла таа.
“Со оглед на тоа дека него му е потребно повеќе приватен простор, а јас имав потреба од некој и ја гушам мајчинската љубов, одлучив да сплетам негова верзија во природна големина”, рекла мајката.
За да го постигне она што го сака на мајката ѝ биле потребни два месеци, со оглед на тоа дека внимавала на секој детаљ, а мора да признаеме дека навистина е импресивно тоа што го направиле.