Синоќа 232 возачи возеле под дејство на алкохол низ Скопје

Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Скопје во насока на доследно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот.

Така и во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 23:00 до 05:00 часот на 21/22.04. беа извршени контроли на 1.101 возачи.

Притоа, кај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта, додека пак дополнително за 202 возачи констатирани беа прекршоци по основ на сообраќајната регулатива.

Како што МВР претходно ја информираше јавноста во текот на вчерашните акциски контроли на подрачјето на главниот град, за истиот временски период (на 20/21.04) вкупно беа контролирани 1234 возачи, 726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив беше утврдено присуство на алкохол во крвта над дозволеното количество. Исто така, беа констатирани и други 252 сообраќајни прекршоци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.