Четири момчиња синоќа на различни локации завршија со лисици на рацете, кај сите била пронајдена марихуана.
Во 22.10 часот полициски службеници од СВР Скопје, во селото Брњарци ги лишиле од слобода Б.Б.(19) и Е.Б.(24), двајцата од Арачиново, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.
Во 22.50 часот полициски службеници од СВР Скопје, на булеварот „Партизански одреди“ го привеле Б.Ѓ.(23) од Битола, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Претходно во 20.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Цветан Димов“ го привеле Е.Љ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
По документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.