Опозициската Сириска национална опозиција е подготвена да преговара за мировен договор за да се стави двегодишната граѓанска војна во земјата, но условува со отстапување од власта на претседателот Башар ал-Асад и да не може да биде дел од преговорите, се согласиле во петокот во египетската престолнина Каиро, членовите на коалицијата.Состанокот на 70-члената коалиција којашто ја поддржува Западот, арапските земји и Турција, започна во четвртокот пред сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем во понеделник да се сретне во Москва со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, заедно со Кина и Иран, доследните поддржувачи на сирискиот претседател Башар ал-Асад, а специјалниот пратеник на Обединетите нации и Арапската лига, Лакдар Брахими да ги обнови напорите за постигнување договор.По бурниот состанок кој траеше до утринските часови во петокот, на кој сунитските исламисти и либералите го критикувале претседателот на коалицијата Моаз Алкатиб поради предлогот да разговара со владата на Асад, како што тврдат противниците на Алкатиб без јасни цели, коалицијата усвоила политички документ со кој се бара претседателот Асад да биде сменет и да му се суди поради крвопролевањата, изјавиле членови на опозициската коалиција.Во нацрт документот во чија содржина имала увид агенцијата Reuters, било наведено дека претседателот Асад не може да претставува страна во кое и да е политичко решение, како и дека треба да биде изведен пред суд, но не е директно барано неговото повлекување.„Усвоивме политички документ кој ги поставува рамките за разговорите. Главниот додаток на нацртот е одредбата за неопходноста Асад да отстапи“, изјави Абделбасет Сида, член на коалициското 12-члено политбиро коешто го критикуваше челникот Алкатиб за самостојно дејствување.„Ја отстранивме точката за потребата на Русија и САД во разговорите и додадовме дека водството на коалицијата мора да биде консултирано претходно пред преземањето на идните иницијативи“, додал Сида.Според аналитичарите, договор сепак значи дека коалицијата ја ублажила реториката, бидејќи претходно беше истрајна дека претседателот Башар ал-Асад мора да се откаже од позицијата пред да започнат какви и да се преговори со неговата влада.Меѓународниот посредник Брахими, изјави дека Асад му рекол дека ќе остане претседател до крајот на неговиот уставен мандат во 2014 година и тогаш повторно ќе се кандидира.Брахими за телевизијата al-Arabiya изјави дека сака во Сирија да се формира преодна влада над којашто нема да има некој повисока власт, како и дека е доследен до одржување на изборите во земјата под надзор на Обединетите нации.„Сметам дека мировните сили на ОН би требале да дојдат во Сирија, како што тоа се случи во други земји“, рече Брахими.
МакфаксОпозициската Сириска национална опозиција е подготвена да преговара за мировен договор за да се стави двегодишна