Сирискиот претседател Асад нема намера да попушти пред притисоците

 Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека неговата влада нема намера да попушти пред притисоците во судирите со бунтовниците, кој во понеделникот влезе во нова фаза со нападот без преседан на границата меѓу Сирија и Турција.

Башар ал-Асад, кој од почетокот на речиси 22-месечниот конфликт, тврди дека сака да го задуши бунтот по секоја цена, повтори дека Сирија нема да се откаже од своите принципи, и покрај „притисоците и заговорите”, пренесе во вторникот државната агенција SANA.
Неговата изјава следи откако опозицискиот лидер Ахмед Моах ал-Хатиб побара јасен одговор од Дамаск на неговото барање за директен дијалог во периодот кога генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун врши притисок врз сириската влада позитивно да одговори на повикот на ал-Хатиб за дијалог.
На границата со Турција, којашто од самиот почеток ги поддржува сириските бунтовници, загинаа најмалку 13 лица, од кои тројца турски државјани, а триесетина се ранети во експлозија на автомобил бомба, што е напад со најмногу жртви во овој регион во изминатите речиси две години.
Макфакс
 Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека не

Пронајдете не на следниве мрежи: