Британскиот модел, Кели Брук признала дека ослабнала за два конфекциски броја, откако момчето ја нарекло балон.
Иако сите ги обожувале нејзините облини, Кели одлучила да ослабне, не само поради нејзиното момче Џереми Парис, туку и поради бујните гради. Големиот број на килограми ѝ задавале болки во грбот.
Кели, која од големини Л/ХЛ, ослабнала до конфекцискиот број М, за магазинот „Close“ рекла дека дека градите ѝ биле толку големи што почнала да чувствува притисок во грбот. Дури морала да оди кај киропрактичар.
Успеала да ослабне за два месеци и сега признава дека ги фотошопирала своите фотографии, за да изгледа послабо.
„Ја намалував линијата и објавував фотографии од пред 10 години. Ужасно патев по телото кое го имав некогаш“, признала таа.
View this post on Instagram
„Не можев ништо да облечам и сè ми беше тесно околу градите“, додала таа.
Знаела дека претерала кога момчето почнало да ја нарекува балон и кога мајка ѝ ѝ рекла да престане да јаде.
„И понатаму ги сакам своите облини и тоа е она што сум јас, но станав свесна дека во последните години претерав, кога повеќе не можев да ги облечам своите тесни фармерки“, заклучила Кели.