Сите полудеа по Тејлор Свифт, па дури и Трамп: „Таа е невообичаено многу убава!“

И поранешниот американски претседател Доналд Трамп се „претвори“ во „Свифти“, како што се нарекуваат обожавателите на популарната американска пејачка Тејлор Свифт. Неодамна ја коментираше глобално популарната пејачка Тејлор Свифт, која ја смета за „необично убава“ и се прашува дали е „легитимна либерална“ или сето тоа е само глума.
Поранешниот американски претседател проговорил за Тејлор во интервјуто за новата книга на главниот уредник на „Вариети“, Рамин Сетудех, чиј наслов е „Apprentice in Wonderland: How Donald Trump and Mark Burnett Took America Through the Lookig Glass“.

Кога Сетудех во ноември 2023 година, го прашал поранешниот американски претседател што мисли за Тејлор, тој бил полн со пофални зборови.

– Мислам дека е убава, многу убава! Слушам дека е многу талентирана. Мислам дека е многу убава, всушност, невообичаено убава. Мислам дека таа е либерал. Веројатно не го сака Трамп – рекол тој, кој се сомнева дека воодушевувањето е заемно, пренесува „Дејли мејл“.

Во пресрет на изборите во 2016 година, Свифт молчеше за својата политичка определба, поради што некои се сомневаа дека таа е, всушност, тајно републиканка. Но, во 2018 година, пејачката изрази силна поддршка за демократите од Тенеси.

Таа на своите следбеници на социјалните мрежи им објасни и зошто се предомислила. Така на Инстаграм откри дека во минатото јавно не искажувала политички ставови, но „поради неколку настани во нејзиниот живот, но и во светот во последните две години, сега има поинаков став за тоа“.

Што се однесува до Доналд Трамп, таа имала и порака за него што му ја упатила преку социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

– Откако го разгорувавте пламенот на белата надмоќ и расизмот во текот на вашиот претседателски мандат, вие сега имате храброст да глумите морална супериорност пред да се заканувате со насилство? „Кога ќе започне грабежот, ќе почне пукањето“? Ќе ве надгласаме во ноември – му порачала таа тогаш.

Трамп, од друга страна, сега се чуди дека е таа „либерал“.

– Ме изненадува тоа што една кантри ѕвезда може да биде успешна ако е либералка – додал тој.

Но, како што пренесува „Дејли мејл“, има многу познати кантри ѕвезди кои се поврзуваат со Демократската партија, меѓу кои Гарт Брукс, Тим МекГроу и Вили Нелсон.

Пронајдете не на следниве мрежи: