Сиљановска го помилуваше Шенки Версаче

Човекот кој од глава до пети е облечен во „Версаче“ е помилуван од претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова. Шенол Маслани во 2019 година беше уапсен во голема полициска акција кога полицијата заплени пушки, пиштоли, луксузни автомобили, пари и дрога. Тогаш полицијата се сомневаше дека тој е еден од 12 члената група која се заканувала на полициски службеник, пуштала во промет дрога и поседувала пушки и пиштоли. Но против него тогаш не беше поднесена кривична пријава.

Во јавноста е познат како Шенки Версаче и како сопственик на кафе барот „Версаче“. Логото на „Версаче“ го става на автомобилите и фасадата на куќата, а ги полнеше трач рубриките како следбеник на брендот со потрешни стотици илајди евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: