Загребската полиција во вторникот околу пладне во Загреб ја уапси пејачката Северина Вучковиќ.
Хрватските медиуми јавуваат дека полицијата добила барање да ја приведе „заради криминалистичка истрага“, а причина за приведувањето на пејачката наводно е насилството што се случило во семејната куќа меѓу неа и нејзината сестра Маријана.
Причина за апсењето била кавга во домот на мајката на Северина. Според пријавата на нејзината сестра Маријана, пејачката наводно „се навртела“. Инцидентот се случил доцна во ноќта, по полноќ, а од станот доаѓала врева. Маријана во полиција изјавила дека двајцата „жестоко се бореле и си удирале шлаканици“, пренесува Јутарњи лист.
Сестрата на Северина по конфликтот отишла во болница каде и била лекувана, а потоа се јавила во полиција. Лекарите констатирале дека има модринки на главата и грбот, а на телото има модринки и расекотини.
Адвокатот на Северина потврди дека пејачката е приведена, а во меѓувреме пуштена „и дека постапката ќе оди по редовен пат“.
„Нема потреба од сета ова, а тоа повлекува други работи како претреси по куќи како да е во прашање најголем криминалец“, изјави адвокатот Мати Матиќ.
Извор близок до пејачката тврди дека сестрата на Северина лажно ја пријавила нејзината сестра за нанесување телесни повреди. Северина живеела во тој стан во Сплит каде мајка и живее со тетка и, а потоа одеднаш дошла Маријана и ја нападнала пејачката и ја повредила.
Северина си замина, „а Маријана почна да удира по вратите на жителите од зградата, да лелека и да се фрла по скалите за да се повреди“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.