Пејачот на познатата група Аеросмит, Стивен Тајлер, реагираше на обвинувањата дека во 70-тите години сексуално ја нападнал тогаш 16-годишната Џулија Холкомб.
Животот на познатиот рокер, фронтменот на групата Аеросмит, 75-годишниот Стивен Тајлер е повеќе од скандалозен.
Неговите бизарни изјави, однесување и митови кои го следат со децении се пренесуваат во светот на шоу бизнисот, но и во светските таблоиди. Меѓутоа, сега почнаа да излегуваат скандалите и гревовите од неговата младост на површина.
Имено, најбизарната приказна која му го одбележа животот е онаа за неговата „врска“ со тогаш 16-годишната Џулија Холкомб, која прво ја зел „под закрила“, а потоа легално ја посвоил. Нивната врска била бурна, а тој во еден момент ќе станел и татко на нејзино дете. Меѓутоа, тој потоа отишол на турнеја и го испратил својот менаџер да ја принуди Џулија да абортира. Во тоа време, Стивен веќе беше во сериозна врска со мајката на Лив Тајлер, но Џулија не го знаеше тоа.
По пожарот во зградата во која преживеала со чиста среќа, Џулија се согласува да абортира и да се врати во семејната куќа, а никогаш повеќе не му се јавила на Стивен, иако тој неколку пати се обидел да и се јави. Тој дури, многу години подоцна, платил половина милион долари на нејзиното здружение за малтретирани девојки и жени.
Стивен ретко зборуваше за Џулија, но во својата автобиографија зборуваше за абортусот.
„Беше голема криза. Страшно е кога знаеш дека кај жената расте нов живот, но сите околу тебе те уверуваат дека оваа работа во нејзиниот стомак ќе ги уништи животите на сите, вклучително и на мене и неа. Потоа одиш на доктор, и вбризгува нешто во стомакот додека гледаш и потоа наскоро гледаш мртов плод. Бев уништен и се прашував што сум направил“, напиша тој во својата автобиографија, а песната „Janie’s Got a Gun“ и ја посвети на Џулија.
Деновиве Џулија повторно се појави во неговиот живот, со поднесување тужба против него во Лос Анџелес, а иако магазинот Rolling, кој прв ја објави оваа вест, не го спомна неговото име, само споменатата автобиографија и описот на нивната врска откри за кого станува збор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.