Сквотери го окупираа пабот на Гордон Ремзи во Лондон



Група од најмалку шест сквотери го зазедоа хотелот и гастропабот на Гордон Ремзи во Лондон, простор кој беше ставен на продажба на крајот на минатата година по почетна цена од 13 милиони фунти.

Во известувањето залепено на вратата се вели дека групата има право да го окупира просторот, бидејќи не е станбена зграда, со што иселувањето не е предмет на законот од 2012 година, според кој сквотирањето во станбените згради е прекршување на законот.

Таблоидот The Sun пишува дека Ремзи повикал полиција во средата, но тие досега не успеале да ги истераат сквотерите.

Во Велика Британија заземањето (окупирањето) нестанбен простор на некое лице без негова дозвола не е самото по себе кривично дело, иако полицијата може да преземе соодветни мерки доколку последователно се извршат кривични дела, како што се кражба или оштетување на туѓ имот.

„Полицијата беше информирана за сквотерите на напуштен имот во Парквеј, Риџент Парк, NW1 во средата на 10 април. Станува збор за цивилна работа па полицијата не влегуваше на поседот“, се наведува во полициското соопштение.

Во 2007 година, поранешната гостилница од 19. век ја купи филмскиот режисер Гери Лав, кој потоа го изнајмил на Ремзи на 25 години по годишна кирија од 640.000 фунти. Но, во 2015 година, Ремзи неуспешно се обиде да го прекине закупот на суд и на крајот го стави просторот на продажба кон крајот на минатата година со почетна цена од 13 милиони фунти.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: