Телото на жената која се обидела да го спаси своето куче од замрзната река е пронајдено минатата недела во Енкориџ, Алјаска, објавија медиумите.
Аманда Ричмонд Роџерс (45), мајка на четири деца, прошета покрај реката Норт Форк Игл со својот сопруг Брајан, на 23 декември 2023 година, на годишнината од нивната свадба.
Едно од нивните две кучиња паднало низ мразот на реката, а таа скокнала за да го спаси. Нејзиниот сопруг ја видел како извесно време плива по кучето под мразот, а потоа исчезнала во ледената вода.
Телото на Аманда беше пронајдено дури на 24 март. Нејзината сестра Џенифер Ричмонд изјавила дека Аманда била пронајдена со кучето во раце.
„Таа навистина умре како херој“, рече сестрата.
Случаен минувач го пронашол телото на Аманда во близина на патеката Норт Форк, изјави портпаролката на полицискиот оддел во Енкориџ, Рене Оистад, пренесува Alaska News.
Канцеларијата на медицинскиот преглед на Алјаска го потврди идентитетот.
Alaskan Mother Presumed Dead After Trying To Save Dog From Drowning In Frozen River A mother of 4 in Alaska has gone missing and is presumed dead after risking her life to try and save her dog from drowning in a frozen river. 45-year-old Amanda Richmond Rogers was taking a h… pic.twitter.com/sHeQ3pLOST
— Let’s Talk About Dis Shidd (@MrsBarnesII) December 27, 2023