Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во период од септември 2023 година досега, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти дека ќе им обезбеди виза за странска земја измамил три лица и за тоа зел по 1.000 евра од лице.
Имено, пријавениот ги измамил лицата дека преку социјална мрежа од агенција ќе добијат термин за виза, но тоа не се случило.