Вчера изутрина во 04 часот било пријавено дека жена од Скопје била малтретирана и силувана.
Во Единицата за известување и команда Скопје, било пријавено дека во стан на улица “Владимир Комаров“ во Скопје, 49-годишната Л.Ј била малтретирана и силувана од 39-годишниот С.Б од Босна и Херцеговина. Претходно таа со него била во врска која не сакала да ја продолжи.
Насилникот С.Б. е приведен во полициска станица.