Скопјанка брутално претепана од поранешното момче-ја влечел по темни сокаци во Драчево

Вистинска голгота преживеала скопјанка која во средата била жртва на физички напад од страна на поранешниот партнер.

Според кажувањата на оштетената за Слободен печат, нивната врска била завршена одамна но по раскинувањето секојдневно добивала закани по својот живот.

Трамп го назначи Крис Рајт за секретар за енергетика
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска го назначи директорот на нафтената компанија од Денвер, Крис Рајт, за секретар за енергетика, пренесува АП.Рајт, и покрај научните …
Шолц: Најдобар начин да се разбере што мисли Путин е да се зборува со него
Најдобар начин да се разбере што мисли рускиот лидер Владимир Путин за преговорите за Украина е да разговараме со него, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.Како …

Случајот кулминирал кога поранешното момче со иницијали М.Т насилно ја внел поранешната девојка во својот автомобил по што се упатиле кон Драчево, кадешто ја претепал, ја влечел по земја, и ја искинал облеката, и ги зел личните предмети, по што претепана ја вратил дома.

„Ме однесе во околината на Драчево, по земјени патчиња и ниви, кадешто почна да ме навредува со сите можни погрдни зборови, и физички да ме напаѓа со тупаници, клоци, во пределот на главата, стомакот и по интимни делови, кинејќи ми ја сета облека и повторно физички и вербални напади кадешто ме фрли од автомобилот во нивите, се премисли па ме однесе во мојот стан кадешто искрши се’ наоколу и следуваа нова серија на психичка и физичка напади и тортура. Со закани за смрт за мене и моето семејство.”- изјави жртвата.

Случајот бил пријавен во полициска станица Аеродром вчера во 18 часот по што жртвата имала средба со инспекторки од одделот за семејно насилство. Од страна на надлежните земена е целосна документација и на жртвата и се фотографирани видливите траги од насилство.

По пријавата во полиција, М.Т бил приведен по што после неколку часа поминати во полициска станица бил пуштен на слобода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.