Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.
На 14 октомври, осомничениот тешко телесно ја повредил и го нарушил здравјето на неговата бремена сопруга, доведувајќи го во опасност нејзиниот и животот на плодот.
- НАТО ќе распореди 10.000 војници во Бугарија, Романија и Грција за голема воена вежба на крајот на месецов!
- Припадниците на овие хороскопски знаци мислат дека се попаметни од сите други
- Во Сирија, градоначалникот беше погубен на улица: толпата славеше по ликвидацијата на сојузникот на Асад
- Во 2024 година во македонските хотели и кафеани се потрошени 270,2 милиони евра
- Анџелина Џоли докажа дека има големо срце: Таа и нејзиниот син Нокс им помагаат на луѓето кои изгубиле сè во пожарот (фото/видео)
- Цукерберг: Администрацијата на Бајден нѐ притисна да ја отстраниме содржината за несаканите ефекти од вакцините против Ковид
- Комити повикуваат на блокада на раководството на ФК Вардар: Нема влез и излез без почитување на договорот!
- Мистер Бин најде 26 години помлада љубовница: Се разведе за 65 секунди а сопругата му го зеде највредното (фото)
- СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ? Дали Симпсонови ги предвидоа пожарите во Калифорнија? Споделена е епизода која прикажува сцени слични на сегашната (Видео)
Додека заедно со оштетената и нивното 2-годишно дете се движеле со автомобил, осомничениот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал сопругата која седела на совозачко седиште.
Оштетената излегла од автомобилот и се обидела да побара помош, но осомничениот тргнал по неа и продолжил да ја влече и удира. На тој начин и нанел тешки телесни повреди, загрозувајќи го и плодот. При дополнителен преглед било констатирано дека плодот починал.
Јавниот обвинител нареди судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото.
До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и оштетената и да го повтори делото.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.