Скопје во полн сјај: Пиволенд ја дигна на нозе македонската публика

Среќно и насмеано Скопје. Таква беше првата фестивалската вечер на најголемиот пивски фестивал во земјата Пиволенд. Скопјани уште еднаш испратија порака дека го сакаат Пиволенд.

Огромен број посетители уживаа во стартната програма на првиот ден од фестивалот која започна од 18;00 часот со музички настап на DJ Mats на Main Stage-от и настап на македонската млада пејачка Лара Иванова на Craft сцената.

Првата вечер ги угости и Conquering Lion, рок бендот Shine,македонските бендови Последен Удар, Тотално Опуштање и Преку Ред, а Main Stage-от го затвори култниот македонски бенд АРЕА кој испрати силна порака до илјадниците посетители – да пееме и да ја славиме љубовта преку песна.

Скопје вчера беше и повеќе од љубов.

Скопјани уживаа во пивото, наздравува за нови среќни моменти и дефинитивно се препуштија на ритамот на музиката.

И во наредните денови, Пиволенд најавува богата музичка програма, многу пиво, вкусна храна и плоштад полн со насмеани и среќни лица…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.