Скопје синоќа беше шести најзагаден град на светот

Скопје го потврди приматот – еден од најзагадените градови на светот. Македонската метропола синоќа се најде на шестото место по загаденост во светот на глобалната апликација Ер Вижуал („Air Visual“).
Индексот, кој го сочинуваат вредностите од ПМ10, јаглерод моноксид, јаглерод и натриум диоксид и озон, за Скопје покажа вредност од енормни 160, и се најде во друштво со традиционално најзагадените градови како Лахоре, Њу Делхи, Ченгду и Пекинг.


Најалармантно синоќа беше кај ректорат со измерени 240 ПМ честички на метар кубен, односно пет пати над дозволените граници.
Неколку кратно над дозволеното беше загадено и во Струмица, Битола, Куманово Гостивар и Кавадарци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.