Скромниот Манчини: Јас сум најдобриот во Англија

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини, рекол дека е најдобриот тренер во Премиер лигата и дека не стравува од отказ.

Сити, во декември минатата година, беше елиминиран од европските купови, а во Премиер лигата зад лидерот Манчестер Јунајтед останува 12 бодови. „Медиумите најпрвин пишуваа дека ќе ме замени Гвардиола, но тој замина во Баерн, така што сега ќе мора да измислат ново име. Ја освоив шампионската титула, ФА купот и Суперкупот на Англија, нешто што не му успеало на ниту еден менаџер во земјата во последните 15 месеци. Тоа е реалноста“, констатирал Манчини. Италијанскиот стручњак во Манчестер Сити пристигна во 2009 година кога го наследи Марк Хјуз. Поради лошите резултати во тековната сезона, Манчини е под постојан притисок, англиските медиуми потенцираат дека тој ќе остане во клубот само доколку ја одбрани титулата, а како негов наследник се почесто го споменуваат Жозе Мурињо, кој летово ќе го напушти Реал Мадрид.
Макфакс
Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини, рекол дека е најдобриот тренер во Премиер лигата

Пронајдете не на следниве мрежи: