На Алјаска постои ‘рт кој од 1791 година ја слави Русија. Така, имено, се вика – Славата на Русија (на англиски Glory of Russia Cape). ‘Ртот се наоѓа на островот Сент Метју во Беринговото море. Територијално овој ненаселен остров им припаѓа на САД и е дел од морскиот национален парк на Алјаска.
Името „Славата на Русија“ на ‘ртот му го дал поларниот истражувач Гаврил Саричев во чест на бродот на кој го открил овој географски објект.
Тоа се случило на 14 јули 1791 година во текот на заедничката експедиција на Саричев и англискиот и руски морепловец, капетанот-командор на руската флота Џозеф (Јосиф) Билингс. Овој во младоста учествувал во третата експедиција на Џејмс Кук околу светот, а во 1783 година стапил во руска служба.
Експедицијата на Билингс-Саричев траела повеќе од 8 години, од 1785 до 1793 година. За тоа време екипажот го истражил источниот дел на Сибир, Северниот Леден океан, како и северниот дел на Тихиот океан. Истражувачите ги опишале бреговите на Охотското и Беринговото море, Алеутските острови, брегот на Америка до островот Кајан, го откриле островот Јоне во Охотското море.
Денес името на Саричев претежно го носат топоними на територијата на САД. По него името Cape Sarichef го добиле светилникот и авионската писта на островот Унимак во Алеутскиот архипелаг. Исто така, по него е наречен еден остров покрај брегот на Алјаска, како и теснецот покрај ‘ртот Славата на Русија. Единствениот објект на територијата на Русија кој го носи името на адмиралот е вулкан на Курилските острови.
Името на Билингс, од друга страна, е овековечено само на руски карти: по него името го добиле еден ‘рт, лагуна и село на Чукотка.
Додека ‘ртот Славата на Русија нема имењак, постои еден единствен на светот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.