Годинава што изминува означи крај на љубовните врски на неколку славни личности, кои со години бевме навикнати да ги гледаме заедно.
Сепак, и по долгогодишните врски, некои од нив едноставно решија да си го продолжат животот секој по својот пат.
Лиса Бонет и Џејсон Момоа
По скоро 20 години заеднички живот, Лиса Бонет и Џејсон Момоа решија да се разделат. Во брак стапија во 2017 година и имаат две деца.
Шакира и Жерар Пике
По шпекулациите дека Пике ја изневерил Шакира, оваа славна двојка соопшти дека се разделува. Наводно, Шакира не можела да му го прости неверството.
„Жал ни е што мораме да потврдиме дека се разделивме“, соопштија во изјава и побараа разбирање за нивната приватност и доброто на децата.
Заедно ги имаат синовите Милан и Саша.
Леонардо Дикаприо и Камила Мороне
По четиригодипшна врска, раскинаа Леонардо Дикаприо и Камила Мороне. Не е позната причината за разделбата, пред три години медиумите пишуваа дека станува збор за сериозна врска.
Том Брејди и Жизел Бундшен
Бракот на Брејди и Бундшен заврши кон крајот на октомври откако манекенката поднесе барање за развод. Набргу по објавувањето на вестите за развод, двојката откри дека веќе „пријателски“ го финализирале разводот на бракот.
Заедно беа од 2009 година и имаат две деца, додека Брејди има и 15-годишен син од претходната врска.
Хари Стајлс и Оливија Вајлд
По скоро двегодишна врска, Стајлс и Вајлд се разделија бидејќи имаат „различни приоритети“ кои ете ги разделуваат.
Се запознаа во 2020 година, а заедно работеа и на филмот „Don‘t Worry Darling“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.