Следи пеколен бран- Температурите низ Македонија

Територијата на нашата држава поради изразениот Африкански бран кој полека не зафаќа во текот на следниот период ќе навлезе во жолта предупредувачка фаза, температурите ќе се искачат и до 40 степени. Совет до граѓаните е во најтоплиот дел од денот доколку излегуваат со себе задолжително да понесат заштитна опрема (капа и очила за сонце). Старите и возразни лица, а особено оние кои се хорнично болни во никој случај да не излегуваат на директното силно ултравиолетово зрачење во периодот од 10 до 17 часот. Инаку понатаму УВ индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува 9.
Времето ќе биде сончево со мала облачност но ќе има услови за изолирана и краткотрајна нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец кој повремено и тоа особено Долж Повардарието ќе биде засилен по интензитет. Краткотрајно освежување на времето како што веќе кажавме ќе има за време на викендот за потоа повторно да се интензивира Африканскиот топлотен бран.
Исто така за време на освежувањето ќе има услови и за локална нестабилност проследена со дожд и грмежи и тоа за време на викендот и тоа особено во сабота кога ќе има услови и за локална појава на град и тоа особено на север и на исток од државава. Потоа во текот на следната недела температурите на воздухот повторно ќе се искачат до близу 40 степени.
Ова се температурите:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.