Поради повеќедневно присуство на постабилна воздушна маса во следниот период времето ќе биде натпросечно топло и претежно сончево, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во следните денови ќе има периоди со мала умерена локална облачност, а во попладневните часови и особено во понеделник ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Од почетокот на следната седмица, дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во средината на неделата наместа во југоисточните делови ќе достигнуваат до 40 степени.