Слика и прилика на жена која пати: Еве како изгледаше Џенифер Лопез кога поднесе барање за развод (Фото)

Тоа беа денови кога многу фанови се загрижија и прашуваа дали изгледот овојпат кажува повеќе за личностаЗаврши љубовната приказна која ја следеше цел свет. Џенифер Лопез официјално поднесе барање за развод од Бен Афлек во вторникот, 20 август, во Врховниот суд на округот Лос Анџелес. По оваа вест, има ретроспективни конструкции за тоа што укажувало дека врската не функционира, но и што точно направила латино ѕвездата на денот кога завршила со Афлек.Џеј Ло беше фотографирана тој ден како излегува од „The Whitman“ – луксузен бутик кондоминиум со поглед на Менхетен, пишува „Dailymail.co.uk“ . Тоа беше нејзино соло патување во нејзиниот роден Њујорк.Пејачката го наведе 26 април 2024 година како датум на разделба кога поднесе барање за развод од 51-годишниот актер во Окружниот суд во Лос Анџелес.Изразот на лицето на Џенифер Лопез не изразуваше задоволство, а кога станува збор за стајлингот, нејзините познати „валкани“ панталони не беа навестување за некоја голема емотивна ситуација.Беж џемпер и популарни „баги“ панталони, заедно со „угг“ чизми со платформа беа таму за да го заокружат „уличниот“ стајлинг на Џени, но проговори нејзиниот израз на лицето, кој беше нагласен со косата во пунџа. Исклучително сериозни, стиснати усни, ѕвездата изгледаше сè само не задоволна.Тоа беа денови кога многу фанови се загрижија и прашуваа дали изгледот овојпат кажува повеќе за личноста.Само неколку недели пред нејзиното пријавено разделување со Афлек, тие заедно барале куќа и купувале стан во Њујорк. По седум години на пазарот, Џени конечно го продаде имотот (за 23 милиони долари) на 24 јули – нејзиниот роденден и во исто време Афлек и зададе удар купувајќи нов ергенски стан во Лос Анџелес.Пејачката и актерката поднеле барање за развод од Афлек без адвокат во Врховниот суд на округот Лос Анџелес.

Пронајдете не на следниве мрежи: