Словенија воведе контроли на границите со Хрватска и со Унгарија поради опасност од терористички напади

ДЕНЕСКА, ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ, ОТКАКО ЉУБЉАНА ОД ПОЛНОЌ ВОВЕДЕ ГРАНИЧНИ КОНТРОЛИ СО ХРВАТСКА И УНГАРИЈА ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИОТ РИЗИК ОД ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ, СЛОВЕНЕЧКАТА ПОЛИЦИЈА РЕГИСТРИРАЛА ДВА НЕЛЕГАЛНИ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ СО ХРВАТСКА И ШЕСТ СО УНГАРИЈА.
Од полноќ повторно ќе се контролира границата меѓу Хрватска и Словенија. Станува збор за привремена мерка која ќе важи до 30 октомври, а се објаснува со зголемената опасност од терористички напади по ескалацијата на војната на Блискиот Исток и поголемиот прилив на илегални мигранти, објави хрт.хр.

Денеска, во раните утрински часови, откако Љубљана од полноќ воведе гранични контроли со Хрватска и Унгарија поради зголемениот ризик од терористички напади, словенечката полиција регистрирала два нелегални гранични премини со Хрватска и шест со Унгарија, јави словенечката агенција СТА.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.